KlikiKupi ги обезбедува своите услуги согласно овие Општи услови. Со нарачување на производи, Корисникот (физичко или правно лице) потврдува дека се согласува со овие услови.
Со потврдување на нарачката, се склучува Договорот помеѓу KlikiKupi и Корисникот. Во случај на недостапност на нарачаните производи, KlikiKupi ќе го извести Корисникот.
KlikiKupi гарантира за квалитетот на своите производи. Доколку производот е оштетен или не одговара на описот, Корисникот може да поднесе рекламација.
Корисникот има право да се повлече од договорот во рок од 15 дена, без дополнителни трошоци освен за враќање на стоката.
KlikiKupi го задржува правото да ги менува информациите на својата веб-страница без претходна најава.